Европско веб истражување за дроги 2021: клучни наоди од Западен Балкан

Вовед

Европското веб истражување за дроги собираше податоци помеѓу март и април 2021 од лица кои употребуваат дроги, на возраст од 18 години или повеќе, кои што живеат во 21 земја членка на ЕУ и 9 земји кои не се членки на ЕУ. Резултатите прикажани тука се однесуваат на 2 174 испитаници кои живеат во Албанија, Косово (1), Црна Гора, Северна Македонија или Србија и кои пријавиле дека користеле најмалку една нелегална дрога во последните 12 месеци пред истражувањето (употреба во последните 12 месеци), освен доколку не е поинаку наведено. Во овој период, многу Европски држави се соочуваа со затварања или ограничувања поради КОВИД-19.

Кликнете тука за повеќе информации за методологијата на Европското веб истражување за дроги.

Последно ажурирање: 15 Декември 2021.

Logo of the web survey on drugs

Резиме

  • Повеќето испитаници од истражувањето (91 %) изјавиле дека користеле канабис во текот на претходните 12 месеци, потоа кокаин (38 %), МДМА/екстази (22 %) и амфетамин (20 %).
  • Најчести пријавени мотиви за употреба на канабис биле: да се релаксира, “да се надува” и помош при спиење.
  • Домот е пријавен како најчесто место каде што се користела дрога во текот на периодот.
  • Пандемијата со КОВИД-19 и националните мерки најмногу влијаеле врз употребата на канабис (зголемена потрошувачка) и екстази/МДМА (намалена потрошувачка).

Начини на употреба на дрога

Повеќето испитаници во истражувањето (91 %) изјавиле дека користеле канабис во текот на претходните 12 месеци, со мала варијација помеѓу земјите.

Кокаинот, МДМА/екстазите и амфетаминот беа следните најпријавени недозволени супстанции, при што редоследот на трите дроги се разликува според земјата.  

Речиси еден од шест (17 %) испитаници изјавиле дека користеле нови психоактивни супстанции (НПС) во минатата година, додека 9 % пријавиле употреба на ЛСД. Употреба и на хероин и на метамфетамин пријавиле 8 % од испитаниците.

Графикон 1. Преваленца за претходната година (n = 2 174)

Изворот на податоци за овој графикон е достапен во Табела 1 на оваа страна.

Мотиви за употреба на дрога

Мотивите за користење одредени дроги често ги одразуваат ефектите што корисниците ги очекуваат кога ги користат. Одговорите од анкетата сугерираат дека марихуаната се зема поради нејзините смирувачки и еуфорични ефекти, особено за намалување на стресот или за релаксација, за “да се надува” или за забава и за подобрување на спиењето. За МДМА, еуфоричните и социјалните ефекти се пријавени како мотивација.

Мотивот за употреба на дрога може да фрли малку светлина врз пријавеното намалување на употребата на МДМА од страна на испитаниците во овој период, карактеризирано со затварањата поврзани со КОВИД-19, кога многу луѓе беа затворени во своите домови и пристапот до места за дружење беше намален. 

Графикон 2a. Мотив за употреба на марихуана во последните 12 месеци (n = 1 391)

Изворот на податоци за овој графикон е достапен во Табела 2a на оваа страна.

Графикон 2b. Мотив за употреба на МДМА/екстази во последните 12 месеци (n = 249)

Изворот на податоци за овој графикон е достапен воТабела 2b на оваа страна.

Места каде што се употребува дрога

Домот е пријавен како убедливо најчесто место каде што се користела дрога во последните 12 месеци, споменат од речиси три четвртини од испитаниците. Домашната употреба се очекува да биде доминантна, иако овој начин на употреба можеби е нагласен поради намалената подвижност што произлегува од затворањата поврзани со КОВИД-19.

Графикон 3. Места каде што се употребува дрога во последните 12 месеци (n = 2 174)

Изворот на податоци за овој графикон е достапен во Табела 3 на оваа страна.

Влијанието на КОВИД-19 пандемијата врз употребата на дрога

На прашањето за влијанието на пандемијата КОВИД-19 врз нивната употреба на нелегални дроги, испитаниците пријавиле мешани искуства. Речиси една третина од испитаниците кои користеле марихуана пријавиле зголемување на нејзината употреба. Сепак, околу една третина од оние кои пријавиле употреба на МДМА, кокаин и амфетамин рекле дека нивната потрошувачка е намалена.

Иако примероците за употреба на хероин и крек се мали, мнозинството од тие корисници не пријавиле никаква промена во употребата за време на пандемијата.

Графикон 4. Дали КОВИД-19 пандемијата имаше некакво влијание врз вашата употреба на дрога?

* Податоци со мал примерок.

Изворот на податоци за овој графикон е достапен во Табела 4 на оваа страна.

Белешки

Податоците презентирани во овој информативен флаер се однесуваат на петте земји кандидати и потенцијални кандидати кои учествуваа во Европското веб истражување за дроги со поддршка на проектот ЕМЦДДА-ИПА7.

Веб истражувањето беше спроведено и во 21 земја членка на ЕУ, во Швајцарија и во Грузија, Украина и Либан како дел од ЕУ проект за мониторинг на дроги (ЕУ4МД). Информациите што ги опфаќаат овие земји се објавени посебно.

Иако веб-истражувањата не се репрезентативни за општата популација, кога се внимателно спроведени и комбинирани со традиционалните методи за собирање податоци, тие можат да помогнат да се направи подетална, реална и навремена слика за употребата на дроги и пазарите на дрога во Европа. Како такви, тие се клучна алатка во одговорноста на ЕМЦДДА кон постојаното следење на проблемот со дрогите.

За повеќе информации за проектот за европското веб истражување за дроги, погледнете ја нашата страна на Европското веб истражување за дроги. Повеќе информации за ИПА7 се достапни на ЕМЦДДА-ИПА7 проект страната.

(1) Косово: Оваа ознака не е во спротивност со ставовите на статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Изворни податоци

Подолу може да ги најдете табелите со изворни податоци што се користат за графиконите на оваа страница.

Табела 1. Преваленца за претходната година (n = 2174)
  % од испитаниците
Канабис 91
Алкохол 88
Тутун 86
Кокаин 38
МДМА/екстази 22
Амфетамин 20
НПС 17
ЛСД 9
Хероин 8
Метамфетамин 8
Кетамин 4
Табела 2a. Мотив за употреба на марихуана во последните 12 месеци (n = 1391)
  % од испитаниците
За намалување на стрес/опуштање 64
”Да се надува”/за забава 61
За подобрување на спиењето 39
За лекување на депресија/анксиозност 33
За дружење 32
За подобрување на перформансите
(училиште/работа/спорт/итн.)
16
За намалување на болка/воспаленија 14
Од љубопитност/да експериментира 10
Друго 3
Табела 2b. Мотив за употреба на МДМА/екстази во последните 12 месеци (n = 249)
  % од испитаниците
”Да се надува”/за забава 72
За дружење 41
За намалување на стрес/опуштање 24
Од љубопитност/да експериментира 22
За лекување на депресија/анксиозност 18
За подобрување на перформансите
(училиште/работа/спорт/итн.)
6
За подобрување на спиењето 3
За намалување на болка/воспаленија 3
Друго 5
Табела 3. Места каде што се употребува дрога во последните 12 месеци (n = 2174)
Место % од испитаниците
Дома 72
Јавен простор (улица, парк, итн.) 57
Музички фестивал или забава 42
Клуб или бар 39
Работа 19
Училиште/универзитет/едукативен центар 14
Друго 4
Табела 4. Дали КОВИД-19 пандемијата имаше некакво влијание врз вашата употреба на дрога? (% од испитаниците)
Супстанција Користев помалку Користев исто Користев повеќе Не знам/Без одговор
Екстази/МДМА 34 31 13 22
Метамфетамин* 31 33 11 25
Амфетамин 30 25 22 23
Кокаин прав 30 22 16 32
Хашиш 21 35 13 31
Нови психоактивни супстанци (НПС) 20 29 23 28
Хероин 19 40 10 31
Марихуана 18 33 32 17
Крек кокаин* 10 48 14 28
Loading